/

Модните аксесоари откриваат со каков профил на маж имате работа

Стилот е индивидуална карактеристика и како што сите сме уникатни според ДНК информациите, така сме уникатни и според стилот на облекување и надворешен изглед.

Мажите немаат голем избор на аксесоари, но според додатоците на облеката можете да заклучите многу од нив.

Еве кои типови ги има:

  • Вратоврска – традиционален тип

Мажите кои носат вратоврска се прилично традиционални и конзервативни.

Веројатно ќе ви повторуваат ставови за брак, семејство и меѓучовечки односи што ги слушале од прадедовците.

Вратоврските генерално покажуваат дека си имате работа со „затворена личност“ која не се осмелува на нови перспективи.

man in white dress shirt with black and white polka dots necktie
Фото извор: Unsplash.com
  • Марама – смел маж

Марамите се тотален ИН за група на мажи кои ги обединува „смелоста“.

Мажите кои носат марами на различни начини сакаат да експериментираат со работите, да ги погледнат нештата од поинаков агол и воопшто не им е гајле за осудата од околината.

man in black leather jacket covering his face with white and black textile
Фото извор: Unsplash.com
  • Актовка – социјален тип 

Мажите кои носат актовка сакаат да изгледаат моќно, но контра-психологијата вели дека го истакнуваме онаа во што сме најслаби.

Тие сакаат да се прикажат како моќни, додека во суштина ги тангира секој коментар на луѓето од поблиската или подалеката заедница.

Склони се да им удоволуваат на сите!

person walking holding brown leather bag
Фото извор: Unsplash.com
  • Часовник – класичен тип 

Мажите кои носат часовници се љубители на класичните вредности и односите ги разбираат низ класичната парадигма.

Со овој тип на маж можете да разговарате за филмови, уметност, култура, да слушнете многу длабоки животни мудрости бидејќи неговиот скриен мотив е да трага по суштината на нештата.

person holding silver and black round analog watch
Фото извор: Unsplash.com
  • Маж без аксесоар – уметнички тип

Ако мажот не носи ниту еден аксесоар, тогаш треба да знаете дека си имате работа со маж кој не се дефинира себе низ надворешниот изглед.

Тој е затворен во својот свет и е репрезентатив на онаа што го нарекуваме „уметничка душа“.

Врската со него може да е напорна, бидејќи му треба многу време за интроспекција и нуркање низ неговите идеи, така што планирањето на заедничко патување ќе ви биде вистински кошмар!

© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com

Leave a Reply

Your email address will not be published.