5 правила за секој џентлмен

Досега доста имаме пишувано за златните совети на Том Форд за машкиот моден стил, а денеска ќе ви дадеме неколку правила за тоа што значи да се биде вистински господин. Постојат 5 правила за секој џентлмен, кои мора да се почитуваат.

Секогаш треба да давате најдобро од себе, бидејќи така им давате почитување на луѓето околу вас

Џентлменот мора да работи. Луѓето кои не работат, обично се досадни и на самите нив им е досадно. Морате да бидете страствени, морате да се ангажирате и мора да придонесете на овој свет.

Манирите се доста важни! Секогаш отварајте врата на жената, носете го нивниот капут и станувајте кога луѓето ќе дојдат или ќе станат од масата.

Немојте да бидете умислени, расистички, сексистички или да ги цените луѓето по нивното минато.

Вистинскиот господин никогаш не смее да носи шорцеви кога е во град. Тие се несоодветни и може да ги носите само на плажа или пак на спортски активности.

За крај само ќе додадеме, бидете џентлмени, негувајте добри навики. Маќедонија има реална потреба од џентлмени. Вклучете се и вие во нашата кампања “Добрите навики се бесплатни” и придонесете за едно подбро утре за секој од нас.

На крај од денот секоја промена тргнува од самите себе и потрудете се да ги примените овие 5 правила за секој џентлмен.

#бидиџентлмен #негувамедобринавики

Гледајте Џентлмен Магазин секоја среда на МТВ1, и негувајте добри навики. А доколку нешто пропуштите на ТВ, направете SUBSCRIBE на нашиот канал на YouTube и уживајте во сите епизоди.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: 10 работи кои мора да ги знае секој џентлмен кога нарачува на шанк

ФОТО: Unsplash

Leave a Reply

Your email address will not be published.