/

Афродизијачка храна што ќе го разбуди „ѕверот во вас“

Внимавајте на својата исхрана пред да се впуштите во долга ноќ полна со сексуални авантури. Храната во голема мера влијае врз вашето либидо.

Наспроти храна која значително го намалува либидото, дури може и да ви предизвика непријатности со системот за варење, постои храна која ќе го стимулира крвотокот „долу“ и ќе ви помогне да ги исполните очекувањата на вашата љубовничка.

Која храна ви го зголемува либидото?

  • Јаткасти плодови

Јаткастите плодови се полни со омега три масни киселни кои ви овозможуваат долготрајна енергија.

Наместо тешка и брза храна од животинско потекло кое ќе ви ја земе целата енергија за варење на храната, одлучете се за јаткасти плодови.

Тие го стимулираат вашиот крвоток во ерогените зони поради што е полесно сексуално да се стимулирате.

cooked beans
Фото извор: Unsplash.com
  • Банана

Бананата не е само симбол на сексот поради нејзиниот фалусоиден облик, туку и поради нутритивните својства што го будат машкото либидо.

Тие содржат голема концентрација на селен кој помага при проблеми со импотенција и акумулација на стрес.

yellow banana fruit on green textile
Фото извор: Unsplash.com
  • Модра слива

Модрата слива свежа или сушена содржи одлична комбинација на витамини и минерали кои го регулираат крвниот притисок и работата на дигестивниот систем.

Модрата слива содржи висока концентрација на витамин Ц, и минерали како железо, магнезиум и калиум.

Нутриционистите тврдат дека модрата слива е едно од најздравите овошја со особено висока концентрација на калиум.

Калиумот е важен минерал за здравјето на коските и градење на имунолошки одговори, но има и позитивно влијание врз нервниот систем.

Овој минерал докажано, ви помага при ослободување од акутен стрес.

red plum fruits on round brown wooden plate
Фото извор: Unsplash.com

© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com

Leave a Reply

Your email address will not be published.