Ги прашуваме мажите: Секс со кондом или без?

Мажите ни одговараат на многу често и се чини вечно прашање: Каков секс повеќе преферираат, со или без кондом?

Сексот со кондом е безбеден, сексот без кондом е небезбеден но е понепосреден, за што се одлучија нашите испитаници прочитајте подолу:

Зависи дали сум со девојка долго или прв пат се среќавам. Првите сексуални контакти ми се задолжително заштитени, но доколку навлеземе во интимата може и без заштита. Ако со девојка ми сум повеќе време заштитен секс не доаѓа предвид, тоа е лудило! (М.К, 36)

Јас сакам незаштитен секс, ама не со секоја. Сакам незаштитен секс со мојата партнерка бидејќи тоа ми нуди целосна интима. Можам да ја почувствувам и се осеќам како меѓу нас да не постојат бариери. Едноставно целосна доверба е потребна да имам секс, а кога веќе го имам, тој е без кондом. (Т.С, 29)

Сексот со кондом ми е посигурна опција и редовно користам кондом при сексуален чин. Не само поради СПБ, туку и поради несакана бременост, имав непријатно искуство токму со несакана бременост и тоа не сакам да ми се повтори. (А.Д, 40)

Идејата на сексот со кондом ми е неприфатлива, освен за луѓе кои се промискуитетни, за нив е најпаметно да имаат заштитен секс. (О.Б, 32)

Сексот без кондом е дефинитивно многу поубав и поцелосен одошто секс со кондом. Но понекогаш се чувствувам посигурно кога ќе ставам кондом сепак, особено ако не сум сигурен во партнерката. (П.Д, 43)

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.