Разводите се актуелни во време на епидемијата. На светско ниво стапката на разводи е во пораст, па не е тешко да се сретнат разведени жени почесто.
Се обидовме да дознаеме дали мажите имаат предрасуди кон разведени жени и дали би прифатиле да бидат „втори“. Добивме интересни одговори, кои ви ги пренесуваме во продолжение:
– Имам почит кон разведените жени од проста причина што мислам дека претрпеле многу страдања. Не е лесно да се одлучиш на таков чекор, а општеството често и ги осудува овие жени. Имам посебна емпатија кон нивната состојба. (Д.К, 33)
– Не правам разлика дали жената е разведена, едноставно за мене тоа нема врска. Ако ми се допаѓа, ме привлекува и почитува, би се впуштил и во посериозни работи со неа. Едноставно не судам на луѓе според нивните минати љубовни животи. (Р.И, 40)
-Има разлика дали е разведена со дете, деца и сл. Едноставно не сакам да носи багаж од претходниот брак. Тоа мислам дека ќе ме вознемирува бидејќи во принцип сум љубоморна личност. (С.А, 44)
– Разведените жени носат со себе често тешка енергија, многу се изгорени во животот и немаат доверба во мажите. Таа нивна енергија ме одвраќа од нив, инаку немам проблем да прифатам и разведена и жена со дете. (Т.С, 29)
–Ги почитувам повеќе жените кои се развеле, одошто оние кои глумат идеални бракови, а ги изневеруваат сопрузите. За мене разведените жени не се неморални, туку храбри жени кои играат со отворени карти на сите полиња. (Ц.Т, 49)
© Фото: Unsplash.com
Можеби ќе ве интересира: