Ги прашавме мажите кој профил на жени ги одбиваат, односно на кој тип на жени никогаш во животот не би им пришле.
Добивме интересни одговори, кои ви ги пренесуваме во интегрална верзија:
–Никогаш нема да пријдам на храбра жена и на профил на жена Амазонка. Едноставно такви жени ме одбиваат, има нешто застрашувачко во нив, имаат желба да покорат. А мене таа неудобност навистина не ми треба во животот. (А.И, 29)
–Не би пришол на жена која е запуштена и не се грижи за себе. Отсуство на грижа за себе покажува дека е разочарана од животот. Ми треба подвижна сила, а не некој што ќе ме влечка назад! (С.К, 34)
–Дрдорка дефинитивно. Ако постојано зборува, озборува и е многу љубопитна кога се туѓите животи во прашање ми е одбивна. Не сакам прости жени, што ми ја заморуваат психата. (П.Т, 40)
–Никогаш не ме привлекувале премногу нашминкани жени. Не сакам разголена жена, со вештачки нокти, многу шминка и сл. Така не можам да им погледнам ниту во очите, ниту да ја видам исконската убавина нивна. (Д.А, 37)
–Жени кои може да бидат во било чие машко друштво не ми се привлечни. Сакам да имам жена за себе, а не да ја делам со голем број на мажи. Во некои жени има нешто промискуитетно, а мене тоа не ми одговара. Не сакам туѓо машко присуство во живот на жената со која сум! (П.Б, 26)
© Фото: Unsplash.com
Можеби ќе ве интересира: