Дали знаете која е најплатена и доминантно машка професија во ЕУ?

Од 2,3 милиони луѓе во Европската унија кои работат во секторот за информатичка и комуникациска технологија. А се едуцирани за тие работни места, дури 83 проценти се мажи, објави Еуростат.

Од сите земји на ЕУ, Летонија има најголем удел на мажи во вкупниот број вработени со ИКТ образование.

Следува Словенија, со 90 проценти мажи. Белгија и Чешка со 89 проценти и Полска со 88 проценти мажи во секторот за информатичка и комуникациска технологија.

Од друга страна, жените учествуваат со повеќе од една четвртина од вработените со ИКТ образование во Данска (33 проценти), Грција (31 проценти), Кипар (28 проценти), Бугарија (27 проценти, ниска сигурност) и Романија (27 проценти).

Најбарана и најплатена професија

Програмерите се најбарани на пазарот на трудот, но со однос на тоа дека е ретка професија, платата на програмерите е многу висока.

На ниво на ЕУ според податоците на Евростат, 2020 година најмногу огласи биле пласирани токму за програмери.

Програмерите земаат и највисоки плати поради што се издигаат високо на општественото скалило. За разлика од професии кои се доминантно женски – воспитувачки на пример, кои се помалку платени.

Ваквата алокација на полови во кадар и професии ја генерира родовата нееднаквост.

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.