Добар план е половина завршена работа

Сигурно досега сте ја слушнале изреката „Добар план е половина завршена работа“! Токму на оваа тематика издвојуваме текст од инстаграм профилот Боемот којшто низ личен пример ја демонстрира оваа мисла. Неговиот текст го пренесуваме во целост.

Пишува: Боемот 2.0

Ќе бидам самокритичен, многу често сум во „општ хаос“ за што „единствен виновник“ е мојата несоодветна организираност и неправењето план за остварување на обврските.
Затоа, решив да направам мали промени. Последниве 10-ина дена се водам по план напишан рачно, во тетратка. И супер ми оди. Запишувам главни забелешки и работи кои треба да ги исполнам во денот. Ем сум попродуктивен, ем имам време за повеќе работи, ем имам повеќе време за одмор. Како што велат, добриот план е половина завршена работа. И стварно е така. Планирајќи добивате многу привилегии, а освен тоа на крајот од денот и лична сатисфакција. Планот е секогаш добар, освен во „планската економија“ на Карл Маркс која никогаш не вродила со плод. Но, да не бегам од темата.
Освен правењето план сменив некои животни навики. Пример: целосно прекинав да пијам газирани сокови и наместо тоа пијам вода/цеден сок. И навистина и мојот организам се осеќа поубаво. Почнав навремено да се хранам и да не пропуштам оброци и работите одат кон подобро. Сега сакам да сменам уште некои животни навики како: да легнувам во 12, а да станувам во 6.30, да почнам да планинарам, да намалам со користење на телефон, да бидам физички поспремен. Но, има време. Битно првиот чекор е направен.
Поентата на оваа објава е колку многу е битен планот. Почнете да си ги запишувате обврските и сами ќе увидите колку многу помага.

Боемот 2.0

Leave a Reply

Your email address will not be published.