Двајца врвни гитаристи на едно место: Влатко Стефановски и Томи Емануел во Херцег Нови

Австралиецот Томи Емануел и нашиот, Македонецот Влатко Стефановски, се сретнаа во Херцег Нови. Двајцата врвни гитаристи кои се пријатели и соработници приредија вистинско шоу на 16-от „Guitar Art Summer Fest“.

За Емануел многумина тврдат дека е најдобриот акустичен гитарист на сите времиња. Токму тој го отвори фестивалот со концерт во кулата Канли, додека концертот на Влатко исто така беше маестраелен. Публиката беше презадоволна од изведбите на овие артисти.

Инаку не станува збор за прва соработка меѓу овие два гитаристи. Овие двајца артисти соработуваа во 2012 година во супергрупата „Kings of Strings“, заедно со Стохел Розенберг.

Па овој настап, со свој коментар се јави и нашиот гитарист.

-Големо задоволство е да се сретнам со пријателот, единствениот Томи Емануел, овде во Херцег Нови, на фестивалот „Гитар арт“ – напиша поранешниот лидер на групата „Леб и сол“ на „Инстаграм“, заедно со селфи со колега.

Нивната фотографија со објавата на Стефановски може да ја погледнете во продолжение.

Leave a Reply

Your email address will not be published.