Како помина настанот „Мажи на годината“ во 2021 година? (ВИДЕО)

Гламурозниот настан „Мажи на годината“ кој стана белег на македонските џентлмени секоја година добива сѐ повеќе на популарност.

На гала вечерта која се одржа ланската година во DoubleTree by Hilton Skopje, во присуство на голем број јавни лица од бизнис секторот, политиката и јавниот живот, се наградија 13-те најуспешни Мажи во Македонија за 2021 година. Токму ова видео од денеска е достапно и на YouTube и можете да погледнете како помина овој настан.

На четвртиот официјален избор се избираат мажите на годината за 2021 во 13 категории. Најуспешен маж според жири комисијата која ја сочинуваа членови од докажани институции, новинари, претставници од бизнис секторот, режисери, стилисти, ја доби Сашко Јовев, за Маж странец во Македонија наградата ја доби Дејвид Гир, Амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија (ЕУ) во Скопје.

Во категоријата Менаџер на годината за 2021 наградата ја доби генералниот директор на Нептун, Горан Цетинов, наградата за Млад менаџер отиде во рацете на Игор Милановиќ, менаџер за продажба на Huawei во Македонија, а наградата за Менаџер на годината до 40 години ја понесе извршниот директор на дигиталната агенција Кара5, Војдан Карапетковски. Маж со најголем придонес во културата беше избран актерот, продуцентот и директор на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ ,Симеон Мони Дамевски, Маж со најголем придонес во спортот наградата ја доби Муамед Сејдини, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија. Во категоријата за Маж со најдобар стил, наградата ја доби доктор Злате Мехмедовиќ, претседател на Македонското здружение на медицина на трудот, додека еден од најпознатиот македонски музички новинар и водител, а воедно и еден од најпрепознатливите гласови, господинот Драган Б. Костиќ, се заќити со наградата Маж со трајни вредности. Наградата за Маж во избор на социјални медиуми отиде кај Борче Стаменов, наградата за Хедонист на годината отиде во рацете на Ламбро Патче, менаџерот за односи со јавноста и комуникации на Пивара Скопје АД, додека специјалната награда Маж во избор на организаторите отиде кај Дејан Георгиевски.

Овој настан е само увертира за јубилејното петто издание на „Мажи на годината“ кое ќе се одржи токму во месецот на машкото здравје, во ноември. Остануваме во добро расположение и со задоволство се спремаме за овогодинешниот јубилеен настан!

Leave a Reply

Your email address will not be published.