Како правилно да нанесете дезодоранс или ролон

Дезодоранс, ролон или стик е предвидено да ја неутрализираат миризбата на пот под вашите пазуви. Но за целосна ефикасност постои правило на апликација.

Извесно е дека, овие хигиенски препарати се нанесуваат на сува кожа и тоа непосредно по туширањето.

woman holding blue and white bottle
Фото извор: Unsplash.com

Еве што треба да имате предвид при апликација на дезодоранс или ролон:

  • Никогаш не користете само еден производ 

Прво нанесете стил или ролон, а веднаш потоа дезодоранс. Комбинацијата на производите секогаш дава подобар ефект.

Стикот или ролонот ја штитат кожата од перспирантот кој интензивно се аплицира преку дезодорансот и затоа е добро да нанесете еден од овие производи прво.

  • Отстранете ги влакната

Без разлика дали сте машко или женско, влакната не треба да бидат дел од вашите пазуви, особено не бидејќи подолго ги зачувувваат бактериите под пазувите.

Отстранете ги целосно влакната пред да аплицирате еден од овие три производи.

  • Ефектот е подолг кога ги нанесувате на потполно чиста кожа 

Колку е почиста кожата толку е поголем ефектот на овие производи.

Ако ги нанесете на испотена кожа, тие ќе имаат пократок ефект и ќе ги запуштат вашите пори.

Што значи дека, можно е да станете резистентни на препаратот кој моментално го користите и потта повторно да најде пат кон надвор и да ги победи блокаторите од анти-перспирантот.

  • Менувајте ги брендовите почесто

Кожата има механизам за развивање на отпорност на антиперспирантот. Затоа не користете еден предолго време, по трошење на дезодорансот или ролонот, сменете го бредндот.

Промените се убави и за кожата!

© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com

Leave a Reply

Your email address will not be published.