Кога станува збор за социјалните мрежи, жените ги надминуваат мажите, според студијата објавена од ComScore Inc.
Жените поминуваат повеќе време на сајтовите за социјално вмрежување отколку мажите.
Жените поминуваат во просек 5,5 часа месечно, во споредба со 3,9 часа за мажите.
Исто така, 76% од сите жени на Интернет посетуваат страница за социјално вмрежување во споредба со 70% од сите мажи на Интернет.
Студијата, спроведена во мај, истражува како жените го обликуваат Интернетот.
–Разбирањето на родово разликите во користењето на веб е вредно за секој дигитален чинител кој сака успешно да ги достигне и вклучи и жените и мажите во онлајн околината, рече Линда Боланд Абрахам, главен маркетинг директор на ComScore.
Мажите сочинуваат мнозинство корисници на Интернет ширум светот, но жените поминуваат 8% повеќе време на Интернет, во просек 25 часа месечно на Интернет.
Тие пазарат и посетуваат здравствени страници почесто од мажите, трошат 20% повеќе време на првото и 6% повеќе на второто.
Жените се пољубопитни?
Како да се објаснат овие резултати? Секако дека линијата на љубопитност е поизразена кај жените одошто кај мажите.
Тоа го објаснува и фактот што жените „трачарат“ повеќе од мажите.
За разлика од љубопитноста на мажите која е фокусирана, љубопитноста кај жените е доста по раздерена.
Во суштина жените немаат конкретен фокус, тие само пливаат во морето на содржини и бараат нешто интересно.
© Фото: Unsplash.com
Можеби ќе ве интересира: