На младите претприемачи им е потребна поддршка да да успејат во светот на бизнисот токму бидејќи го немаат потребното искуство.
Тие често се консулитраат со прирачници за почетници или се советуваат со поискусните свои колеги.
ИТ е многу важна за стар на бизнисот, па младите претприемачи се често во дилема што од ИТ оперма треба да набават за унапредување на нивниот бизнис.
Се разбира се зависи од типот на дејноста, во некои дејности ИТ е опрема за услужна или производствена дејност, но кога зборуваме за ИТ што е за лична употреба или употреба за менаџирање на претпријатието дефинитивно има разлика што ќе изберете.
Ако се двоумите помеѓу лаптоп или таблет за почетна опрема ви откриваме за што е подобро да се одлучите.
Предности на лаптопите
Ако често пишувате, подготвувате извештаи или правите анализи на податоците, тогаш лаптоп ви е неопходен.
Лаптопите имаат поголем екран, тастатура која е со копчиња и која ви го скратува времето со куцање.
Лаптопот има предност и во организирање на состаноците. Поради големината на екранот, можете подготвените податоци да ги споделите и со другите присутни на состаноците.
Предности на таблетите
Недостаток на лаптопот е во тоа што е потежок за транспорт и зафаќа поголема површина.
За транспорт на лаптоп ви треба посебна торба, за транспорт на таблет доволна ви е и постоечката. Таблетот го собира и просечна женска торба.
Времето на активирање на работата на лаптопот и таблетот исто така се разликува.
Таблетите поскоро се активираат, што значи дека податоците ви се при рака, додека лаптопот треба да го чекате да стартува со работа подолго време.
© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com
Можеби ќе ве интересира: