Koja храна најмногу дебелее

Која храна најмногу дебелее? Едноставно е. Ниту една или сите. Но, се прашувате зошто? Како?

Веројатно поради влијанието на опкружувањето, често сме наведени да мислиме дека одреден вид или тип на храна може да не здебели. Да, факт е дека ако претежно конзумираме брза храна и сме неактивни, полесно ќе се доведеме со некој конфекциски број плус и рапидно поместување на стрелката на вагата во “негативен” правец.
Но, дали е пресуден фактот дека еден тип на храна може да не здебели ? Апсолутно не.

Телото работи на еден малку поразличен механизам. Дали ќе накачувате, одржувате или намалувате на телесна тежина зависи од една проста формула – калории што ги конзумирате наспроти кои ги трошите/телото ги искористува за одредена намена. Толку. Доколку конзумирате повеќе калории од што трошите во текот на еден ден, едноставно е – телото ќе ја акумилира вишокот на енергија и ќе ја складира како поткожни масти. Доколку на крајот на денот, “телесниот калкулатор” пресмета дека она што денес сте го конзумирале преку храната, + она што базалниот метаболизам го користи за да ги извршува основните телесни функции + она што сте го потрошиле (преку некаков вид на физичка активност), влегувате во калориски дефицит и ќе намалувате на телесни масти/килограми.

Исто така голем фактор е и влијанието од родителите поради таквото општоприфатено мислење (ова е и од лично искуство). “Немој да јадеш леб и ориз”;“Кикириките се многу мрсни и дебелеат”; “Јади што повеќе овошје, тоа е здраво и не дебелее” и слично…(сигурно ќе се сетите и вие на некој бисер од вашите родители во овој стил).

НЕ постои еден вид на храна кој придонесува до зголемувањето на телесната тежина, или популарно кажано дебелеење. Секако, ќе повторам дека одредени видови на храна (како што е брзата храна, слаткото, газираните сокови и алкохолот) поради нивната калориска густина и содржина на празни калории (шеќери) може да допринесат побрзо тој процес да се одвива.

Но, на крајот на денот она што е пресудно е кратката формула која ја напоменавме погоре – калории што се конзумираат наспроти калории што се трошат.
Конзумирајте разни видови на храна (обрнете внимание тоа да е свежа, непроцесирана храна со протеинско потекло, сложени јагленохидрати и здрави масти), вклучувајќи и некоја ваш омилен  “забранет” оброк. Но, гледајте да имате и калориска потрошувачка преку физичка активност за “телесниот калкулатор” да работи за вас, а не против вас.

ФОТО: Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

Leave a Reply

Your email address will not be published.