/

Метаболичките процеси немаат врска со возраст, туку со исхрана!

Дали вината за прекумерна тежина ја префрлате на побавен метаболизам поради стареење? Не толку брзо.

Резултатите од новата меѓународна студија се во спротивност со всаденото верување дека метаболизмот постојано се намалува со возраста.

До 60-годишна возраст, вашиот метаболизам е ист како кога имавте дваесет години.

Меѓународен тим експерти анализираше бројни параметри од 6.400 луѓе, на возраст од 80 до 95 години од 29 земји низ целиот свет.

Откриле дека метаболизмот останал ист во добар дел од „средните“ години.

Го достигнува својот врв до првата година, а од 20-та до 60 -та стабилно се одржува на исто ниво.

За да се утврди ефектот на возраста врз метаболизмот, истражувачите прилагодија фактори како што се големината и тежината на телото (поголемите тела согоруваат повеќе калории за одржување), како и количината на маснотии и мускулно ткиво (мускулите согоруваат многу повеќе калории отколку маснотиите).

Метаболистичките процеси се многу важни прво за здравјето, потоа и за изгледот.

Ако метаболизмот брзо и правилно ги користи хранливите состојки од храната што ја внесуваме и придонесува нашето тело брзо да се исчисти од токсини, тогаш имате здрава и витка личност.

Но за да го подобрите вашиот метаболизам треба да се придржувате до следниве неколку правила:

  • Порано одете во кревет

Одењето во кревет на полноќ е деструктивно по вашето здравје.

Првата РЕМ фаза треба да започне околу 22.00 часот бидејќи тогаш организмот се подготвува за процес на детоксикација.

Ако останувате доцна навечер будни, колку и да спиете во текот на денот, нема да можете да го надокнадите изгубениот сон навечер.

Нашиот организам е програмиран да одмара во текот на ноќта.

  • Конзумирајте течна храна 

Скоро секој оброк може да го замените со смути. Затоа наместо да јадете тврда, терминчки обработена храна, подгответе си едно смути и осигурајте се дека сте ја внеле дневната доза на витамини и миниерали.

Храната во течна состојба исто така го намалува ввреметраењето на варење и исклучително лесно се апсорбира во крвта.

Освен смути можете да конзумирате и различен тип на супи во кои задолжително треба да додадете зелечнук заради побогата исхрана.

  • Пробиотици

Природните пробиотици се наоѓаат во ферментирана храна.

Затоа се препорачуваат киселите краставички, јогуртот, киселото млеко и сл.

Јадете ферментирана храна почесто за правилен внес на „добри бактерии“ кои ќе ви помогнат во побрзо разградување на храната.

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.