Мажите имаат потрајни пријателства, жените повеќе на број

Пријателите се многу важен дел од животот на еден човек, важно е да имате повеќе пријатели, но и да имате перманентни пријателства.

Во тој поглед мажите и жените се разликуваат. Додека мажите добиваат на квалитет, жените добиваат на квантитет.

Зошто е тоа така:

Степен на блискост

Жените повеќе се зближуваат со другите луѓе. Поради поголемо ниво на хормонот окситоцин, тие создаваат поблиски релации.

Но претераната блискост, може да доведе до брзо пукање на односите, бидејќи емоциите се менуваат.

Мажите имаат потрајна врска бидејќи тие со своите пријатели не внесуваат многу емоции и немаат потреба да се исповедаат.

Нивното пријателство е чиста функција и затоа опстојува подолго.

Иницијален контакт

Општо е познато дека жените зборуваат повеќе од мажите, па затоа и полесно им е да стекнат пријатели.

Но се што брзо почнува, брзо и завршува. На почетокот жените ќе ве привлечат со зборувањето, но потоа се повлекуваат.

Тие немаат тенденција на продлабочување на односите, бидејќи се потпираат на својата интуиција и се сомневаат во намерата на другите.

Редовност

Мажите имаат помалку редовен контакт со своите пријатели од жените, па затоа и имаат поретка прилика да си замерат.

Жените преферираат да одржуваат редовни контакти, а колку сте повеќе време заедно со некој, толку повеќе му ги гледате и мааните.

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.