/

Мудар маж vs. паметен маж. Во што се состои разликата?

Во секојдневна комуникација често го користиме терминот – паметен, од паметен човек, преку паметно милениче, до паметен телефон (smart phone).

Ретко се среќава придавката „мудар“ и тешко е да се одреди што е мудар човек.

Неколку разлики помеѓу паметен маж и мудар маж:

Паметен човек има информации / мудриот знае како да ги користи правилно

Паметен човек може да биде „жива енциклопедиа“ но мудриот знае каде и на кој начин треба да ги искористи.

Мудриот човек можеби нема да знае што е Хајзенбергова константа, но ќе знае како да ги наведе другите луѓе на одредена реакција.

Паметен човек има интелигенција / мудриот знае како да ве направи поинтелигентни

Паметниот човек може да има високо IQ но тој може да нема метода како да го поттикне развојот на интелигенцијата кај другите.

Наспроти тој пример, мудриот знае како да ги поттикне другите на размислување, раст и развој.

Паметен човек не знае кога треба да замолчи

Паметниот ќе се расфрла со своето знаење насекаде иако тоа нема да има никаков продуктивен ефект, ниту по другите, ниту по него.

Напротив тој може да стане досаден за своето опкружување и избегнуван.

Мудриот човек знае кога вреди да зборува, а кога треба да замолчи и со пример да инспирира на заклучок или дејство.

Паметниот човек е исполнителен работник, мудриот е добар лидер

Паметен човек знае се за својата работа. Тој ќе биде најкорисниот работник во фирмата, но тој нема капацитет да повлече следбеништво и да ги менаџира другите.

Мудриот човек е добар лидер. Тој нема да се истакнува премногу со своето знаење, но ќе ги поставува работите во организацијата на свое место.

Без него генерално организацијата не би функционирала правилно.

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.