/

На оваа машка особина ниту една жена не останува рамнодушна

Лојалноста е машка особина на која ниту една жена не останува рамнодушна и секоја жена целосно ќе се посвети на врската доколку почувствува дека мажиот е лојален.

Да се биде лојален не е едноставна работа бидејќи зборот „лојалност“ често го поврзуваме или само со апстрактни термини.

Или пак мислиме единствено на „верност“ во љубовна смисла. Но лојалноста вклучува многу повеќе.

Лојален маж ја почитува одлуката на жената

Ако одлуката на жената е дека треба да го напуштат местото каде што моментално се наоѓаат, тој ќе го направи тоа без никаков проблем.

Никогаш не постапува со неа со услови, закани или преговарања. За него, нејзиниот збор има огромна тежина!

Заштитнички настроен

Лојален маж е секогаш заштитнички настроен кон жената. Тој не дозволува никој да каже ништо против неа во негово присуство, ниту тој било кому дава слобода да ја коментира неговата избраничка.

Не се вклучува повеќе од тоа што е повикан

Тој нема да и дава совети на неговата избраничка кои таа никогаш не ги побарала. Едноставно го почитува просторот кој таа му го дала.

Не ги поминува границите на нејзината волја!

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.