Омилена уметност на мажи и омилена уметност на жени

Во основа не постои статистички значајна разлика во изборот на уметност кај мажите и жените и сите разлики се индивидуални.

Но истражување спроведено во 2018 година на универзитетот за социологија на уметност на Универзитетот Харварт, покажува дека мажите и жените сепак сакаат различни типови на уметност.

Дури 58% на мажите учесници во фокус групите се изјасниле дека нивните омилени уметности се: архитектура, сликарство и филм.

Од друга страна 79% од испитаниците – жени во фокус групите одговориле дека нивните омилени уметности се книжевноста и филмот.

Научниците кои ги спроведувале фокус групите дошле до интересни заклучоци:

Мажите повеќе сакаат просторна уметност

Познато е дека мажите се подобри возачи нели? Тоа е затоа што генерално мажите имаат поразвиен фактор на спацијална интелигенција.

За тоа е виновна само и единствено еволуцијата. Мажите како собирачи и ловци морале да го освојуваат просторот.

Жените биле лоцирани само на едно место, па нивните способности за снаоѓање во простор од минатото не биле развивани.

Мажите повеќе сакаат просторна уметност и затоа што визуелната уметност за нив е многу поважна, тие се визуелни суштества.

female head bust
Фото извор: Unsplash.com

Жените сакаат повеќе уметност на зборови

Жените имаат поразвиен фактор на вербална флуентност од мажите. Затоа е познато дека жените повеќе зборуваат.

Тоа е исто така, еволутивна предност бидејќи жените се занимавале со воспитување на децата, па морале да зборуваат постојано.

Не е чудно и што ден денеска, поголем број на воспитувачки и вработени во наставната дејност се жени.

opened book
Фото извор: Unsplash.com

Филмот е универзален избор

Филмот е најнова уметност од сите убави уметности, а технологијата ги брише родовите разлики.

Технологијата е пресудна за појава на филмот, па така филмот е прилагоден и за мажите и за жените и е синкретичка уметност.

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.