Мажите читаат помалку книги од жените. Тоа го потврдува фактот дека најголем број од купувачите на книги и членовите на читателски клубови и библиотеки се жени.
Овој статистички утврден факт се оправдува со тоа што мажите имаат поинаков концепт за слободно време од жените, а читањето се разбира како активност на слободно време.
За разлика од жените мажите повеќе читаат весници или артикли од информативен карактер.
Мажите своето слободно време го трошат повеќе на социјални активности, друштвени или видео игри, односно едноставно повеќе преферираат да гледаат филм одошто да читаат книга.
Сепак кај онаа група на мажи која чита книги, најголем број од книгите се во два жанра.
Еве кои се омилени книжевни жанрови на мажите:
- Научна-фантастика
Научната фантастика е форма на шпекулативна белетристика која главно обработува теми поврзани со влијанието на замислена или предвидена наука и технологија врз општеството и личностите.
Според Артур Кларк, наспроти општото уверување, писателите на научната фантастика ретко се обидуваат да ја предвидат иднината.
Наспроти тоа, како што во една прилика забележал Реј Бредбери, тие многу почесто настојуваат да ја спречат.
- Криминалистички / детективски роман
Романите во кои се прикажуваат настани врзани со злостор се викаат криминалистички романи (латинскиот збор crimen значи злостор).
Првпат се појавува 1878 г. под поимот детективски роман, бидејќи во овој вид романи важна улога има детективот кој го разјаснува злосторството.
© Фото: Unsplash.com
Можеби ќе ве интересира: