Некогаш е прашање на добар вкус и на бон тон, но често се работи за основна потреба секој бизнис маж да ги има токму овие аксесоари во својот гардеробер и да ги користи во секојдневниот живот.
- Часовник
Точно е дека времето можете да го проверите на таблетот, мобилниот телефон или лап топот. Но често, треба да направите дополнителни напори да дојдете до тој податок.
Да го отклучите телефонот, да го вклучите лап топот, да го извадите таблетот од футрола и сл.
Тоа делува сосема несериозно на бизис состаноците на кои најмногу од се треба да се покаже и докаже контрола над времето.
Освновна работа која можете да ја направите за контрола на времето е да носите часовник и да погледнете одвреме навреме уште колку време ви останало за обавување на моменталната активност.
- Актовка
Актовката не е само моден додаток, кој на другите ќе им упати порака дека сте сериозен човек што се занимава со бизнис. Напротив актовката е многу практична.
Во неа можете да ги соберете сите потребни документи и алатки, вклучително и вашиот лап топ.
Актовките се практични за луѓето кои на едно место треба прво да соберат, а потоа и да организираат се.
- Роковник
Без разлика на тоа дали е во печатена или електронска форма, роковникот му е потребен на секој поединец кој во текот на денот мора да изорганизира голем број на активности.
Подобро е понекогаш да користите електронски роковник со звучен потсетник за прогласување на крај на состанокот или насочување кон новите работи обврски што следно ве очекуваат.
© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com
Можеби ќе ве интересира: