Ако бидете изложени на дожд подолго време ќе бидете наводенети, ќе ви е студено, може да настинете.
Тоа се само и куп изговори што си ги давате да се затворите во домовите и да не излегувате дури не се осигурате дека надвор е потполно суво.
Дождливото време надвор повикува многу помалку луѓе отколку сончево време кое скоро сите ги инспирира на долги прошетки во природата.
Сепак според научните факти, повеќе време надвор треба да поминувате кога е дождливо време отколку кога е сончево:
Квалитет на воздух
По 15 минути паѓање на дожт, воздухот значително се прочистува, а доколку го дишете тој воздух ќе имате свежина.
Ќе вдишувате повеќе кислород и ќе се чувствувате поенергични и полни со елан.
Релаксирање
Капките од дождот што допираат на тлото на земјата имаат посебна ритмика која не создава шум и непријатност, туку напротив го опушта вашиот ум.
Неслучајно се вели дека најубаво спиење е она додека надвор врне.
Поттикнување на креативноста
Додека е дождливо времето, облаците се спуштени и протокот на сончева светлина е помал.
На тој начин визуелното сетило не трпи многу стимуланси, со што се поттикнува умствената креативност.
Научни истражувања покажуваат дека имагинацијата кај луѓе кои сакаат потемни простории додека работат е далеку пооригинална и изострена за разлика на оние кои се љубители на фотоните.
© Фото: Unsplash.com
Можеби ќе ве интересира: