Поп арт тапети со весници за уредување на деловен простор

Имате намера да го уредите вашиот деловен простор со откачени и уникатни сегменти? Најдобро е да почнете со ѕидовите.

Иако многумина се охрабруваат да внесат откачен момент во деловниот простор, поретко тоа го прават преку ѕидови.

Најголем број од луѓето се одлучуваат за бели ѕидови, поретко за еднобојни, а во најредок случај се поставуваат тапети но само на еден ѕид.

Низ многу радио студија, ресторани, сали за состаноци, па и индивидуални канцеларии можете да сретнете поп-арт тапети.

Поп арт тапетите не се класични тапети, со принт на платно кое понатаму се лепи на површината од ѕидовите, туку се сосема поинакви.

Имено, се избираат насловни страни на култни весници или страници на кои се објавени важни вести. Вести што ја обележале човечката историја.

Тие се лепат под одредена хоризонтала долж ѕидот, а може и да бидат сосема случајно селектирани и наредени по површината.

Во таа смисла се разликуваат два типа на поп арт тапети:

Во рамка

Исечоци од весници се ставаат во рамки. Рамките може да бидат застаклени или залепен весник на бела платнена површина.

Во овој случај целиот ѕид е прекриен со рамки кои истакнуваат исечоци од весници.

assorted-color framed paintings on the wall
Фото извор: Unsplash.com

Директна апликација

Листовите од весниците може да се и директно залепени за ѕид. Во оваа варијанта може да се соочите со зачестена потреба од менување на листовите.

Хартијата е подложна на надворешни влијание и лесно може да се одлепи или смени боја под притисок или влага.

news paper article
Фото извор: Unsplash.com

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.