/

Работи за кои мажите најмногу ги лажат жените

Во принцип мажите и жените лажат за исти работи, но на различен начин. Жените обично го намалуваат бројот на сексуални партнери, а мажите го дуплираат.

Лажењето и кај двата пола оди во сосема спротивни правци, а темите на кои се лаже се скоро исти.

Еве за што мажите најмногу лажат:

Емоции

Мажите се трудат да ги скријат своите емоции, а жените да ги пренагласат. На пример мажите може да одглумат дека немаат страв во некоја ситуација.

Исто така оние мажи со „камено срце“ не признаваат симпатија и љубов кон некоја жена долго време иако ја имаат. Се додека не стекнат целосна доверба во нив, дури тогаш се подготвени да се оголат емоционално.

Секс

Една од темите на кои мажите најмногу лажат е дефинитивно сексот и сексуалните односи. Во главно сакаат да преувеличуваат околу бројот на сексуалните партнерки, должина на траење на сексот и сл.

Идејата е да се прикажат како големи вешти освојувачи и Дон Жуани.

Финансии

Мажите во главно се под голем притисок да се добро ситуирани бидејќи нивниот материјален статус открива колку се способни.

Често ја лажираат својата материјална состојба и зборуваат дека имаат повеќе финанси од реално. На тој начин си го обезбедуваат престижот во општеството.

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.