/

Само за искусните гурмани: Викенд коктел со џин

Викендот обично го посветуваме да добрите дружби, на себе, најмногу на одмор, релаксација и уживање. 

За уживањето да биде целосно и сите сетила да бидат активирани, ви предлагаме рецепт за сезонски коктел кој ќе ви го разубави викендот.

Ние сме среде сезоната на сангвинело, една од трите најчести сорти на портокалова сок.

За подготовка

  • 30мл сок од портокал
  • 15мл џин
  • 100мл пенливо вино
  • кора од портокал, за украсување

Исечете го портокалот на половина.

Ставете тава со решетки на силен оган, а потоа испржете ја страната од внатрепноста на портокалот околу три минути, додека не зарумени и убаво запече.

Внимателно исцедете го врелиот сок и оставете го да се излади.

Ставето го сокот од портокал, џин и пенливото вино во чаша исполнета со мраз, промешајте да се соедини, исцедете во чаша за шампањ, украсете и послужете.

Коктелот се пие пред ручек или вечера со препорака за конзумирање во умерени количини.

Овој тип на коктел се послужува во колинс чаша и треба да се испие максимум 10 минути попослужувањето за целосно доживување на ефектот.

© Gentlemanmagazine  / Guardian Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.