Совети за ефикасен и продуктивен бизнис состанок

Бизнис состаноците треба да земат определено време од вашиот ден. Тие не треба да траат ниту премалку, ниту предолго.

Исто така не важно бизнис состанокот само да се одржи, туку и да се дојде до целта која ја посакувате. Удружувањето на корисното и ефикасното не е лесна задача.

person holding pencil near laptop computer
Бизнис состаноците бараат сериозна организација, план и подготовка
Фото извор: Unsplash.com

Затоа ви предлагаме неколку совети за зголемување на ефикасноста и продуктивноста на бизнис состаноците.

  • Одредете време

Времето е најважната категорија за бизнис. Почитувајте го времето на другиот, но и потрудете се да недозволите непочитување од другата страна.

Не толерирајте доцнење и не доцнете на состанокот. Испланирајте колку време имате за реализација и соопштете го тоа на самиот почеток.

Наметнете ја густината на темпото и времето на преговарање вие. Така ќе оставите впечаток на сериозен човек кој го планира своето време.

А Бенџамин Франклин забележал дека „Времето е пари“, а парите се крајна цел на секој бизнис.

  • Не прифаќајте разговори кои не се во интерес на бизнисот

Избегнувајте приватни разговори, давање или примање на информации кои немаат врска со бизнисот. Едноставно одредете ја целта и држете се до неа.

Не правете дигресии и не дозволувајте другите да прават дигресии додека сте на бизнис состанок.

  • Јасно поставете ги своите барања

Отстапките во бизнис се можни, но тие не треба да бидат преголеми, бидејќи на тој начин вашиот интерес ќе се намали.

Уште на самиот почеток поставете ги вашите барања и не заборавајте ги кога ќе ја сослушате приказната на вашиот партнер.

Инсистирајте на своите интереси до крај и внимавајте колку големи отспаки правите.

© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com

Leave a Reply

Your email address will not be published.