Како што самото име кажува, среда е всушност средина на работната недела. Тоа значи дека од неа поминале половина и уште половина треба да изминат.
Понеделникот и вторникот се сметаат за почеток на работната недела, додека четвртокот и петокот се сметаат за крајот на работната недела.
Со однос на тоа дека средата е точно помеѓу, најважните одлуки поврзани со работата се случуваат токму во среда.
Најголем број на работни задачи
Истражување спроведено на универзитетот Харвард, со примерок од вработените во овој универзитет дало неверојатни резултати.
Имено најголема листа на работни обврски најголем процент од испитуваните имале токму во среда.
На прашање како тие се справувале со токлу долг список на обврски, нивниот одговор бил исто толку изненадувачки.
Имено тие одговориле, дека по понеделник и вторник кога мотивацијата е најслаба бидејќи следуваат по викенд одмор, среда е ден во кој сите се во форма.
Покрај тоа, она што следува е крајот на работната недела што значително ја зголемува мотивацијата побрзо да се заврши се.
Мотивацијата на вработните била најголема токму во средата!
Реализација
Ако почетокот на работната недела се резервира обично за планирање на претстојната работна недела, среда е ден за реализација.
Најголемата ефикасност во реализација на работните задачи е во среда и четврток, додека во петок најголем број од зачадите се одложуваат за понеделник.
© Фото: Unsplash.com
Можеби ќе ве интересира: