Стилски карактеристики на класичен џентлменски стил

Џентламените се посебен тип на мажи кои меѓудругото се препознаваат и по нивните надворешни индикатори, воедно и стилски карактеристики.

Нивниот outfit е израз на квалитетен естетички издрав во кој е втемелен вкус, искуство и знаење за формите, боите и дизајните.

Вистинските џентлмени се љубители на класичниот стил, на класичните форми, верни се на вечните идеали, на симетријата, пропорцијата и хармонијата.

round silver-colored and black pocket watch displaying 1:15
Фото извор: Unsplash.com

Според тоа ги изведуваме стилските карактеристики на џентлмените:

Парчиња облека кои се доволни 

На нив ништо не е ниту помалку одошто треба, ниту повеќе. Тие на себе имаат онолку парчиња облека колку што треба да има човек од практични и естетски причини.

Ја прилагодуваат својата облека на сезонските услови, но и не сакаат да изгледаат премногу кич или вулгарно.

Не комбинираат повеќе од две бои 

Комбинацијата на бои е многу важна и тие не комбинираат повеќе од две бои.

Најголема е веројатноста дека изборот на две бои може да се усогласи на естетичка база, но доколку се воведе трета боја таа може да биде несогласна барем со една од другите две и да го смени целосно естетскиот впечаток.

Имаат чувство за фомите и должината

Љубителите на класичниот стил ги сакаат формите и должините кои се согласуваат со пропорцијата и димензиите на телото.

Тие ретко носат долги палта или куси панталони. Должината на парчињата облека е таква да го покрие доволно (ни сантим повеќе или помалку) делот за кој е наменета.

Формите се исто така важни. Џентлмените не сакаат аморфни рабови или големи отвори.

© Gentlemanmagazine  Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.