Што да изберете на вечерата за првиот бизнис состанок?

Бизнис вечерите даваат впечаток на сериозен пристап кон заедничките проекти, па затоа е од големо значење да го изберете вистинското мени и да го оставите посакуваниот впечаток.

Ако сте поканети на бизнис вечера или имате намера вие со некој да се сретнете токму на бизнис вечера треба да имате на ум неколку работи:

  • Изберете нешто што се јаде со нож и вилушка

Паста, пица, салата и се што не бара употреба на нож и вилушта остава впчаток на помалку отменост која е нужна карактеристика на сериозните луѓе.

Наместо храна која се јаде само со вилушка, одберете парче стек со помфрит без леб, или порција зеленчук на скара.

  • Не порачувајте храна со сос

Храна која има разни преливи или сосови може да ви направи голема непријатност бидејќи течноста може да ви направи дамка или да ви се растече по лице.

Наместо да користите салфетка цело време и да ја бришете течноста на сосот од устата, порачајте посува храна која нема да ви создава неволја додека ја јадете. На пример порачајте стек без прелив, наместо пилешко во кари сос.

  • Десертот не е задолжителен

Ако одите на бизнис вечера, потрудете се храната што ќе ја порачате да може да ја собере само една средна порција.

Тоа значи дека не е потребно да порачувате плус леб, гарнир, разни додатоци, но и десерт. Парчето слатко задоволство оставете го за после вечерата, а бизнис состанокот завршете го само со една поција.

Наша препорака за избор:

Парче месо со малку гарнир. Инсистирајте гарнирот да биде пекарски компир, не помфрит или рижото. Доколку сте вегетаријанец порачајте порција зеленчук на скара или порција полнети шампињони.

medium rare sliced steak in white ceramic plate
Фото извор: Unsplash.com

© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.