//

Намалување на анксиозноста и стресот пред бизнис состанок

Нормално и природно е сите да се соочуваме со стрес или анксиозност непосредно пред важни настани, а таков е и бизнис состанокот.

Постојат природни и ефикасни начини да се ослободите од стресот и анксиозноста пред бизнис состанокот и да „размислувате со ладна глава“.

Витамин Б6

Витамин Б е редовен додаток во исхраната на голем број луѓе. Тој е верен чувар на нашиот нервен систем. Внесете суплемент Б6 пред состанокот и ќе се почувствувате посмирено.

Медитација

Медитацијата е сосема природен и докажан метод да се одлободите од стресот и напанатоста. Дајте си 10тина минути пред важен состанок и замислувајте како издвојувате животни победи.

Тоа што го посакувате длабоко, ќе ви се оствари, само треба да научите да го посакате на вистински начин!

Изолирајте се од другите случки околу вас

Доволен е еден повик целосно да ја смени перцепцијата за состанокот за кој толку се подготвувавте нели? Исклучете го телефонот и откажете ги другите состаноци.

Така ќе останете целосно фокусирани само на она што ви е важно!

Запишете ги важните мисли

Што за вас значи бизнис состанокот? Не бидете мрзливи запишете ги вашите цели и не престанувајте да ги читате.

Повремено прочитајте и некоја мотивациска порака, тоа исто така многу ќе ви помогне!

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.