/

Што се се подразбира под терминот „убав маж“?

Убав маж може да значи многу работи – привлечен, згоден, сладок, шармантен, интелигентен, нежен, маж со убави манири и сл.

Убавината е во окото на посматрачот и секој има различни критериуми кога е убавината во прашање.

Со однос на тоа дека убав маж е преопшта категорија ви пренесуваме што во превод за некои жени значи терминот „убав маж“.

Физичка привлечност

Многу често, убавината се сведува на физичка привлечност. Па кога жена за маж ќе каже дека е убав во суштина мисли дека има физички карактеристики кои и се допаѓаат.

Убавината се сведува на сексуална појава, пропроции на тело или симетрија на лице. Постојат жени кои само низ таа призма ја посматраат и оценуваат убавината на мажот.

Шарм

Оние мажи кои не се многу убави се шармантни, но тоа е доволна причина на мала група жени да им се допаднат токму вакви мажи.

Шармантен маж е оној што постојано кокетира со жената и обрнува особено внимание и носи позитивна енергија.

Во друштво на шармантен маж, жената е секогаш намеана.

Интелигенција

За жени кои се сапиосексуалки интелигенцијата е пресудна да им се допадне еден маж. За нив не е важно како тој изгледа на око или како се однесува. Ги интересира нивната способност за преживување.

Убави манири

Некои жени сакаат воспитани мажи со убави манири и однесување кон опкружувањето вклучително и нив. Ако мажот е џентлмен тоа е се што е потребно тој да се допадне на одредена група од жени.

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.