/

Тајниот знак на сите џентлмени е во поздравувањето

Поздравот, изречен или перформиран многу открива за карактерот на човекот кој ве поздравува.

Најстариот антрополошки поздрав кој воедно се смета и за универзален е поздрав со испружена рака. Овој поздрав го има во сите општества – примитивни или цивилизирани.

Знакот што го испраќа овој поздрав е сигнал дека во раката немаш оружје и дека доаѓаш во чин на пријателство.

Но ваквиот поздрав се избегнува во последно време, затоа што се смета дека допирот со отворената дланка може да направи трансфер на голем број микроорганизми, вклучително и опасниот коронавирус кој ја предизвика светската пандемија.

Џентлмените знаат дека поздравот е многу важен во обликувањето на првиот впечаток кај другите луѓе и за да го оформат тие се консултираат со „бон тон“ прирачници или други прирачници за етикеција.

Поздравот на џентлмените ги разликува половите 

Кога џентлмен поздравува една дама, стисокот на неговата рака е многу понежен, должината на држењето на раката е многу поекстензивна, а важен е и погледот во очите и насмевката.

Поздравот не се случува само на ниво на допир на дланки, туку е целокупен перформанс.

Не е ретка глетка џентлмените да ги бакнуваат дланките на припадничките од женскиот пол при поздравот со нив.

Што се однесува до поздравот на џентлменот со друг маж, во тој поздрав тој треба да се прикаже како силен и компетитивен, поради што стисокот на раката е краток, силен и отсечен.

© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.