Доблеста се покажуваа низ ситници и конкретни постапки, таа ниту е апстрактна, ниту метафизичка категорија.
Луѓето со доблести имаат поинаква перцепција на светот, што им обезбедува, внатрешен мир, среќа и задоволство.
Но исто така, таквите луѓе се многу почитувани и високо ценети од средината која ги опкружува.
Овие три зборови откриваат дека TOJ е доблесен:
- Благодарам
Доблесните луѓе се благодарни на околината, на другите луѓе, на природата. Од нив често можете да го слушнете токму зборот „Благодарам“.
Се заблагодаруваат на своите колеги, пријатели, на келнерот во барот, на касиерката во супермаркет, на подредените и надредените.
Тие ги разбираат постапките на другите како акт на добра волја, а не како обврска, бидејќи сфаќаат дека ништо не функцинира на „мора“, туку на „сакам или не сакам“.
- Се извинувам
Животот е полн со погрешни обиди. Грешките се многу почести одошто сакаме да ги признаеме.
Но, доблесните луѓе се свесни дека секој жив човек греши и дека најдобро е грешката да се признае.
Од нив често ќе го слушнете магичниот збор „Извини“ што покажува дека се подготвени во секој момент да преземат на себе одговорност за промените во реалноста предизвикани од нивните постаки.
- Те молам
Разликата помеѓу доблесен човек и сировина е во тоа што доблесниот човек замолува и кога може да нареди, а сировината наредува и тогаш кога му останува единствено да замоли.
Доблесниот човек замолува за помош, за услуга или за завршување на некоја работа обвеска.
Тој е свесен дека наредбата ја гуши човечката природа и го трга човекот подалеку од целта. Па замолувањето е начин некому да искажете почит и побрзо и полесно да стигнете до своите цели.
Тоа не е прашање на лицемерие или скриена намера, туку чист маниризам и висока култура.
© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com