Тест: Дали сте во среќна љубовна врска или во фарса?

Некогаш замислата за љубовта е поголема од што љубовта реално постои, па луѓе остануваат и во врски кои не се здрави и љубовни, само за да не го нарушат идеалот за романтична љубов и среќна врска.

Еве неколку критериуми според кои ќе направите разлика помеѓу токсична врска и здрава и продуктивна љубовна врска:

Во здравите врски поединците не го губат својот идентитет

Секој од партнерите има свој став, мислење, начин на однесување и доживување на работите и тие успеваат да ја зачуваат својата автономија.

Само во токсичните врски партнерите намернуваат очекувања и живеат по некој веќе изграден, потиснат и потсвесен шаблон за тоа како партнерите треба да функционираат.

Тој шаблон обично се учи во рамките на семејството и поретко преку образование или мас медиуми

Само во токсичните врски се робува на партнерството

Ги знаете оние моменти кога луѓето забележуваат дека новата врска целосно ве променила и вас и односот ваш кон другите луѓе кои до тогаш ви биле блиски?

Тоа не е залудна изрека, туку за жал многу вистинита и основана.

Нормално е луѓето кои се во врска да му посветуваат на партнерот голем дел од своето време и внимание и да се чувствуваат убаво во негово присуство.

Но во нормалните врски, партнерите добро знаат да ги позиционираат луѓето во нивниот живот.

Тие секогаш ќе имаат време за своите пријатели, семејство, колеги и други луѓе од нивниот живот.

Просто е патолошки да верувате дека партнерот може да ви го замени целиот свет, тоа е преголема должност која неправедно му ја давате некому, а често и сосема несвесно.

Вашиот партнер е личност, а не алатка

Партнерството се состои од две личности, а не од личност и алатка.

Ако еден од партнерите на друг гледа како на своја алатка да постигне нешто, тогаш врската лежи на сосема нездрави темели.

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.