Три најзастапени стилови кај машката популација

Машкиот стил има редуцирани варијанти на женскиот стил и генерално машките стилови може да се набројат во три категории.

Опуштен стил

Тој обично носи фармеки со маица, близа или дуксерка. Во модната комбинација се вклучени патики и евентуално качкет.

Опуштен стил не подражава носење на аксесоари, па затоа комбинацијата од парчиња може да се третира како „основна“ и функционална.

Маж кој се прикажува во опуштен стил е непосреден, подготвен за разговор и релативно достапен за поголем број луѓе.

man in brown and white plaid button up shirt standing on brown rock during daytime
Фото извор: Unsplash.com

Класичен стил

Костум со вратоврска или машна, чевли изработени од посебна кожа, манжетни, часовник, актовка. Сето ова е состојка на класичниот стил.

Мажи кои преферираат класичен стил се формални, порезервирани во комуникацијата, но директни и прпактични.

man sitting on black sofa chair while watching watch
Фото извор: Unsplash.com

ART стил

На себе секогаш има откачена комбинација од бои, стилови, микс од форми, маички со интересни пораки, рачно дизајнирани патики и сл.

Мажите кои преферираат арт стил сакаат да ви покажат дека се различни и дека не го перципираат светот во вообичаен шаблон.

На почетокот комуникацијата со нив може да ви делува чудно и да се почувствувате неснајдени, но во суштина имаа голема емпатија.

Тие најдобро ќе ги разберат вашите проблеми, бидејќи се занимаваат со човечката душа и универзалното во човекот.

Ако ви треба добро уво за сослушување и добронамерен советник, тоа е дефинитивно мажот кој стилски се прикажува на овој начин.

men's blue and white button-up collared top
Фото извор: Unsplash.com

© Фото: Freepik.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.