/

Анкета: Што сакаат жени повеќе маж со брада или маж без брада?

Многу мажи имаат дилема, дали да го градат својот имиџ со или без брада. Во тоа секако имаат на ум и што жените преферираат.

Со цел да им ја решиме дилемата што жените преферираат спроведовме анкета.

Прашањето на анкетата беше: Дали повеќе ви се допаѓаат мажи со или без брада?

При тоа побаравме од учесничките во анкетата да дадат објаснување на својот категоричен избор.

Најинтересните одговори ви ги пренесуваме во продолжение:

Кога замислувам дека бакнувам маж со брада, ми излегува слика како меѓу влакната од брадата живеат милион бактерии, В.Д (24)

Не сакам брада бидејќи мажите со брада делуваат многу повозрасно и како да си го кријат лицето, Д.М (34)

Маж со брада изгледа неуредно, особено ако брадата не му е обликувана и многу долга, остава впечаток на неуредност, Г.Ј (38)

Мажите се брада делуваат пресериозно, како да се дојдени од некое друго време, тоа ми ја блокира комуникацијата со нив, Д.М (44)

Од спротивните одговори издвојуваме:

Повеќе сакам мажи со брада од едноставна причина што изгледаат многу помистериозно и моќно, А.Б (50)

Ми се допаѓаат мажи со брада бидејќи брадата е специфика на мажите, само тие имаат можности да ја носат, О.Т (59)

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.