Канцеларискиот простор не опфаќа голем број на ентериерни единици и затоа е најлесно да се уреди на тој начин што ќе одава впечаток на „луксузно катче“.
Луксизниот изглед на вашиот канцелариски простор ви носи дополнителни поени кај вашите клиенти и соработници, бидејќи секој го цени дополнителниот и посветен влог во бизнис просторот.
Освен тоа ќе оставите посериозен впечаток, кај моменталните или потенцијалните клиенти.
Со примена на неколку трикови може да му дадете полуксузен печат на вашиот канцелариски простор.
- Работното биро е најважно
Центарот на секоја канцеларски работа е работното биро, па затоа не штедете на него.
Изберете биро од масивно дрво, убаво дизајнирано, во необични форми. Покрај луксуз, бирото треба да изгледа чисто и суредено секогаш.
Впечатокот на луксузно биро ќе исчезне во истиот момент кога другите нема да може да ја видат неговата убавина од куповите несуредени листови, расфрлани по неговата површина.
- Отстапете им простор на гостите
Ако вашата канцеларија е место каде што се состанувате со клиентите и соработниците, отстапете им повеќе простор и истиот уредете го со ергономски столици и голема тркалезна маса.
На тој начин ќе покажете дека се грижите за вашите клиенти и соработници и за нивната пријатност додека престојуваат во вашата канцеларија.
- Скријте го канцеларискиот материјал
Може да користите фиокари или полици со вратничка, но папките со документи и друга опрема не треба да бидат на очиглед на секој.
Папките обично се во различни бои и се мултикомпозиционални поради што ја нарушуваат симетријата на просторот и вклопувањето на елементите во него.
© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com
Можеби ќе ве интересира: