/

Нешта кои ниту еден маж не смее да ги толерира

Иако е универзална, етиката на мажите и етиката на жените сепак имаат некои минорни разлики. На пример ставовите кон сексуалната отвореност, граници во комуникација, допири, поглед и сл.

Мажите и жените не следат исти етички правила на однесување. Постојат нешта кои мажите не смеат да ги простат и толерираат. Тие се однесуваат на однесувањето на другите кон нив.

Доколку се премногу толерантни во овие ситуации тие ја губат и машкоста, но и достоинството. Еве за кои нешта станува збор:

Провокации

Ако некој провоцира или вербално го напаѓа мажот, тој по ниту една цена не смее да остане без реакција. Но неговата реакција не треба да биде идентична на оној што претерува во провокациите.

Напротив со мирољубивост и разум треба да покаже дека знае да се бори за себе, па дури и за своите блиски во некои ситуации.

Мажот е заштитник на своето семејство и на своето достоинство.

Прељуба

Маж не смее да прости прељуба доколку е во брак или сериозна врска. Тоа не треба да си го дозволи ни жената, но за мажот е многу поспецифично бидејќи е директен удар врз неговото достоинство и машкост.

Неправда

Ако маж забележи дека жена е малтретирана на улица, родител тепа дете, шефот се однесува недолично кон вработена, треба да реагира.

Тој мора да ги брани принципите на секое место во секое време без разлика што не се работи за него во одредени ситуации.

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.