Обично се вели дека жените се тие кои се импресионираат повеќе од подароците одошто мажите. Што повлекува верување дека мажите не го вреднуваат претерано подарокот.
Ако треба да изберете роденденски подарок, или подарок за некоја друга специјална пригода на маж како на пример: дипломирање, унапредување на работа, вселување во нов дом и сл. и го имате на ум онаа што погоре го кажавме, ќе бидете во голема дилема што да озбрете.
Таа дилема уште повеќе се комплицира доколку сте жена, а треба да изберете нешто што ќе користи на потребите на машките со кои жените не се баш „одвнатре“ запознаени.
Ви пренесуваме листа на предлози за подарок за мажи, кој ќе ги одушеви:
- Секс играчки
Сингл мажите сакаат забава поврзана со сексот. Па секс играчката навистина ќе го изненади.
Иако е невообичаен подарок, сепак сингл мажите нема да ви замерат доколку им подарите секс играчка.
Напротив, веројатно за многу брзо ќе и најдат примена.
- Друштвени или видео игри
Без разлика на тоа колку години имаат, мажите уживаат во друштвени или видео игри.
Во случај да сте сигурни дека „славеникот“ има аверзија кон друштвените или видео игрите, тогаш сигурно нема да погрешите со месечна претплата на Netflix или добар избор на крими-трилер книга.
- Парфем
За разлика од жените кои користат шминка и во чија фиока можете да најдете секакви парчиња на кои некогаш и не знаете која е примената, на мажите им е најважен парфемот.
Одберете му специфичен парфем и оделете повеќе буџет за овој подарок.
На мажите им е важно колку чини парфемот кој го користат. А скап парфем загарантирано ќе ги израдува!
© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com