Volkswagen во борба да ја помине Тесла со електричните автомобили

Германскиот Volkswagen (VW) ќе го зголеми производството на електрични автомобили на околу еден милион возила до крајот на 2022 година, според плановите за производство на компанијата. Ова ќе му овозможи на германскиот производител да ја престигне Тесла, и ќе ја направи Кина клучно „бојно поле“, пренесува британската агенција.

Volkswagen веќе ги подготвува своите две фабрики во Кина за производство на електрични автомобили во наредната година, за кои се очекува да има капацитет на производство од 600.000 возила. Tesla продолжува да има за цел да произведува над 500.000 автомобили годишно со изградба на нова фабрика во Шангај, додека VW може да се потпре на постојната работна сила во своите две погони во Антинг и Фошан за производство на автомобили со нулта емисија .

Германската компанија со седиште во Волфсбург ќе ги реорганизира своите осум постројки ширум светот до 2022 година, кои ќе специјализираат за производство на електрични автомобили.

Според ова, германската компанија ќе стане најголемиот производител на електрични автомобили.

ФОТО: Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Најдобрите 5 електрични автомобили

Leave a Reply

Your email address will not be published.