/

За да станете силна личност треба да научите да го кажете ова:

Во младоста сите сме подложни на манипулација и имаме претерана грижа како другите ќе не перципираат. Но со тек на времето тоа ни станува се помалку важно.

Силна личност има своја автономија и во односот кон другите јасно и децидно може да изговори реченици кои слаба личност се плаши да ги изрече.

Покрај страв кај слабите луѓе преовладува и чувство на срам што дополнително ги инхибира да се борат за етика, принципи и идентитет.

Научете да кажете „НЕ“

Потребни сте некому? Ви бараат услуга? Инсистираат да направите нешто иако не сте сигурни дека тоа го сакате? Научете да кажете „НЕ“.

Се додека не одбиете некој, нема да поставите лични граници и луѓето ќе се однесуваат со вас како со предмет. Поставете ја својата лична граница и кажете НЕ.

Игнорирајте

Никој не ве задолжил да сте 24 часа достапни за другите. 24 часа во денот не сме си достапни ниту самите на себе поради моментот со гасење на свеста при спиење.

Ако не сакате да разговарате со некој, не мора да кревате слушалка. Едноставно е. Така ќе ги научите луѓето да го почитуваат вашето приватно време и волја.

Јасно изразен став

Ако внатрешноста ви вели дека треба да се браните, јасно искажете го ставот. Тоа не значи дека треба да бидете зачин во секоја манџа, но ако некој ве нападне, мора да се борите за себе.

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.