/

Не бидете со камено срце: Гушкањето е добро за расположението

Постојат различни профили на луѓе, некои ги нарекуваме „позатворени“ и „поладни“ и тие не сакаат близок контакт со другите луѓе, додека другите се спротивни на нив и се однесуваат послободно со другите.

Потоплите луѓе не стравуваат од гушкање и допири, иако се свесни дека преблискиот контакт барем во услови на пандемија може да значи пренесување на вируси и друг тип на патогени микроорганизми.

Сепак, гушкањето и допирот се многу добри по вашето психичко здравје и расположение, па затоа не ги избегнувајте.

Окситоцин

При допир и гушкање се ослободува хормонот окситоцин во крвта.

Хормонот окситоцин е задолжен за социјалните контакти, а најмногу се лачи кај мајки додека нивните деца се бебиња.

Ако нема окситоцин, човечкиот род нема да има потреба да го заштити младунчето, но и да се размножува.

Лачењето на окситоцин повлекува лачење и на други хормони на среќа и задоволство.

Расположение

Допирот и гушкањето може да го подобри вашето расположение, бидејќи така ќе се чувствувате безбедно или заштитнички.

Секој човек има потреба да заштити послаб од себе и секој има потреба да биде заштитен од некој што е посилен од него!

Доверба

Луѓето кои имаат поблизок контакт со другите влеваат доверба. Затоа додека се исповедувате на некој, тој има потреба да ве гушне или да ви ја држи раката.

На тој начин се влева доверба кај соговорителот и му се испраќа порака дека нема да се поиграте со неговите емоции и слабости.

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.