Не е лесно да се даде одговор на оваа прашање. Вкусовите и потребите се различни, па поради тоа може многу да се релативизира.
Сепак архитектите и дизајнерите се согласни дека луксузната димензија на просторот ја даваат драперите од неколку причини:
Материјалот и бојата може да се изберат
Материјалот од кој се изработени драперите може да се избере, за разлика од ролетните кои се скоро универзални за сите.
Тоа прави разлика во просторот. Бојата е исто така важна. За луксузна димензија на просторот потребно е да изберете драпери во неутрална боја. Изберете капучино боја, сива или црна.
Драперите зафаќаат голема површина од собата. Со цел да го сочувате „добриот вкус“ неутрализирајте ја бојата на драперите.
Внатрешна страна
Ролетните обично се од надворешна страна на прозорот, оссвен ако не се венецијанки. Драперите се наоѓаат од внатрешната страна на прозорецот и играат голем удел во внатрешната естетика.
Исто така и во надворешната. Многу се разликува изгледот на фасада кога на прозорците има надворешни ролетни.
Полесно се менуваат
За разлика од ролетните кои имаат подолг век на траење и со тоа помалку шанси да се сменат, драпери можете да менувате често.
Да ги прилагодувате на новиот изглед на домот, да ги носите на хемиско чистење и сл. Тоа многу ја олеснува работата ако сте креативен и брзо ви досадуваат работите во ваше опкружување.
© Фото: Unsplash.com
Можеби ќе ве интересира: