Жените одговорија: Дали се попривлечни мажи со тетоважи?

Тетоважите стана доста популарен впечаток на кожата кај мажите и кај жените, а со тоа станаа и симбол на посебен тип на уметност.

Иако историски за тетовирањето не се врзуваат баш пофални зборови, денеска се пробиваат табуата за употреба на телото како материјал за уметност.

Одамна се сфати дека уметноста не е само на платно, напротив многу други работи може да бидат подлога за уметност, па и човечкото тело.

Дали се попривлечни мажи со тетоважи или мажи без тетоважи, побаравме анонимни одговори од читателките на нашиот клуб.

Добивме бројни одговори, а само најинтересните експликации според нас, ќе ви ги презентираме во продолжение:

Мажи без тетоважи ми се посекси, имам прилика да му ја видам кожата во секој момент, дали му е мазна и чиста. (С.К,29)

Тетоважите покажуваат дека гледа малку поинаку во споредба со просекот, а јас сакам мажи кои се различни од другите. (Д.П,37)

Иако се помодарство, тетоважите не се пресудни за добриот изглед на мажот, напротив ме привлекуваат поконзервативни мажи. (А.Б, 41)

Има разлика од тетоважа до тетоважа и многу зависи на кое место е. Некои тетоважи изгледаат одвратно, други се одлично изработени! (Е.Д, 33)

Мажи со тетоважа дефинитивно. Изгледаат многу посигурно и постојано од нивното тело може да читате пораки и дешифрирате симболи. (Д.С, 44)

© Фото:

Leave a Reply

Your email address will not be published.