Зошто е секогаш подобро да се биде оптимист одошто песимист?

Позитивното размислување се случува на потсвесно ниво, а ние сме свесни само за неговите делови.

Протокот на мисли нема почеток и крај, мислите постојано се менуваат и ние немаме контрола врз нив.

Од време на време мислите излегуваат на површина и тогаш сме свесни за нив.

Оние мисли за кои не сме свесни, како и неколкуте за кои сме свесни, одредуваат како ќе одиме низ животот, како оптимисти или како песимисти.

Придобивките од позитивното размислување, кои се потврдени со истражување:

  • подобра концентрација и креативност,
  • полесно справување во социјални ситуации,
  • помала склоност кон зависност од цигари, дрога, алкохол и други,
  • продолжен животен век, како и подолго зачувување на младешкиот изглед,
  • намалена појава на депресија и вознемиреност,
  • посилен имунитет,
  • позитивен ефект врз кардиоваскуларниот систем.

Ако сакате да направите нешто за себе, не ја менувајте фризурата или не купувајте нова маичка, променете го протокот на мислата, тоа е многу повредно.

Научно е докажано дека оптимистите живеат подолго

Оптимистите се помалку автодеструктивни и скоро да нема оптимист кој има проблем со пороци. Тоа ги прави поздрави во споредба со песимистите.

Тие исто така се пријатни за социјалната средина, па затоа немаат проблем со осаменоста. Осаменоста е извор на голем број болести, пред се болести од ментална природа или побрзани со срцето.

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.