Како да доживеете 100ка

Сите сакаме да живееме подолго. На секој од анс животот му е убав. Сте се прашале некогаш како да доживеете 100ка? Не морате да проголтате никаква магична пилула, туку потребно е да направите некои далеку поедноставни работи.

Научниците веќе долго време се обидуваат да ја откријат тајната на долговечноста, а изгледа дека на шпанските научници им пошло од рака. Тие издвоија неколку работи до кои треба да се придржувате за да доживеете длабока старост.

1. Физичката активност мора да биде дел од вашето секојдневие. Повеќечасовното седење е апсолутно непознато за луѓето кое долго живеат или живееле.

2. Морате да имате причини да се будите секој ден – иако тоа можеби во младоста звучи необично.

3. Намалете ја изложеноста на стрес, фактор кој е тесно поврзан со речиси сите болести. Намалувањето на стресот подразбира малку изменет начин на живот во кој, покрај секојдневните активности, ќе имате време и за некои други активности – на пример, за попладневна дремка.

4. Морате да научите да не јадете додека желудникот не ви е 100 проценти полн, туку да се заситите со 80 проценти.

5. Исхраната во поголем дел треба да биде заснована на билни производи. Месото, рибата и млечните производи треба да ги консумирате, но во помали количини.

6. Пијте алкохол во умерени количини. Студиите потврдиле дека луѓето кои умерено пијат алкохол живеат подолго од оние кои воопшто не пијат.

7. Опкружете се со луѓе кои имаат здрави навики.

8. Изградете и одржувајте добри односи со членовите од семејството – родителите, браќата, сестри, баби, дедовци, роднини…

Нормално, во сето тоа важна улога има и генетиката, но факт е дека здравите и добри навики помагаат подолго да живеете. Е сега се прашувате како да доживеете 100ка?

ФОТО: Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Три витамиснки додатоци кои го забавуваат стареењето

Leave a Reply

Your email address will not be published.