Сите бои влијаат на расположението, како и на страста и желбата за водење љубов.
Ако сакате повеќе секс, можеби е време да земете четка и да ја обоите просторијата во друга боја!
Ова се бои кои, ја „будат“ страста или ја „гаснат“, па затоа треба да ги избегнувате или застапувате во вашата спална соба!
- Боја на карамела
Иако спалните соби се обично бели или беж, ѕидовите треба да бидат малку посилни, како карамели. Топлите бои не опуштаат, а истражувањето спроведено во 2014 година покажа дека луѓето со спални во боја на карамела имаат почесто секс.
- Виолетова
Истражувањето спроведено во 2012 година покажа дека луѓето кои имаат виолетова спална соба, или виолетова постелнина, имаат секс околу 3,5 пати неделно.
- Сива или беж
Тие навистина не се добар избор, бидејќи луѓето чии простории се обоени во тие бои имале секс, во просек, едвај малку повеќе од еднаш неделно.
- Бело
Ако вашата спална соба е бела, таа боја е смирувачка. Вие сигурно спиете одлично, но можеби немате премногу „акција“. Обидете се да вклучите во него детали за споменатите бои кои ја зголемуваат желбата за водење љубов.
- Црвена
Црвени детали во спалната соба може да ја разгорат страста. Црвената боја ја стимулира сензуалноста и будноста. Па така гледајќи подолго во црвена боја, ќе бидете повеќе фокусирани и насочени. Баш како што треба во текот на сексуалниот чин!
© Фото: Unsplash.com
Можеби ќе ве интересира: