Грчкиот лекар Хипократ сметал дека во организмот течат четири вида течности (жолчка, крв, црна жолчка, слуз). Тие се мешаат и во зависност која течност преовладува во организмот таков темперамент ќе има човекот.
Оваа претпоставка на Хипократ не е докажана, но имињата на темпераментите останале. Денеска се знае дека темпераментот зависи од дејствувањето на вегетативниот нервен систем, жлездите со внатрешно лачење и некои делови од ЦНС. Според Хипократ видовите темпераменти се:
Колеричен (холеа – жолчка), овие лица реагираат брзо, силно, со долго траење на емоциите. На лицето им се гледа што чувствуваат основна емоција им е лутина и раздразливост.
Поради својата екстравертна природа тие се добри организатори, амбициозни, често сакаат да се „главни” со што ги свртуваат другите против себе.
Сангвиничен (сангвис – крв) реагираат брзо со слаби реакции кои траат кратко, екстравертно, основна емоција им е веселост и оптимизам.
Активни се, се зафаќаат со многу активности, но не ги довршуваат. Лесно воспоставуваат контакти со многу луѓе, но најчесто се површни.
Меланхоличен (меланхоле – црна жолчка) реагираат многу бавно, но силно и долготрајно. На лицето не им се забележува што чувствуваат, основна емоција им е тага и песимизам. Настаните длабоко ги преживуваат, тешко воспоставуваат контакти, но кога ќе воспостават тие се вистински пријатели.
Флегматичен (флегма – слуз) реагираат бавно со слаби реакции, кратко траење на емоциите, манифестацијата е интравертна и основната емоција им е рамнодушност. Овие лица делуваат спокојно и сталожено.
Кои се најдобри љубовници?
Најдобрите љубовници меѓу сите четири типови на темперамент се дефинитивно колериците. Нивната амбициозност ги води кон триумфирање. Секогаш успеваат да ја заведат својата партнерка и да ја доведат до кулминација.
Тоа дополнително им ја потикнува и онака изразената самодоверба.
© Фото: Unsplash.com
Можеби ќе ве интересира: