Одличниот љубовник надалеку се познава. За жал ова не е стара народна поговорка, но во неа има исто толку мудрост како да е древна колективна.
Се што треба е да знаме да ги читаме симболите кои секој од нас свесно или несвесно ги емитува во социјалната средина.
Одличниот љубовник не е само добар во „кревет“, тој е и одличен партнер за жената, поради што таа ужива со него, пред, за време на сексот и после него.
Овие знаци ќе ви откријат дека тој е ОДЛИЧЕН љубовник:
Смирен
Ова карактеристика покажува дека тој има трпение да ги исполни сите желби на жената во „спална соба“.
Ако има контрола над работите што ги прави, одава впечаток на смирен и доверлив маж тогаш голема е веројатноста дека е одличен љубовник.
Консултативен
Ако се консултира со жената и ја разгледува сериозно секоја нејзина реченица, тогаш е подготвен да го земе предвид и нејзиното „чувство“ за време на сексот.
Нему нема да му е важно само тој да биде задоволен, туку пред се неговата партнерка.
Тактилен
Ако знае да управува со предметите околу себе – чаша, нож, вилушка, ја познава нивната статика и внимателно им пристапува, тоа ќе му се познава и во кревет.
Тактилноста е еден од најважните предуслови за добар секс. Ако тој нема капацитет да ја чувствува жената за време на сексот, нема да знае ниту што треба следно да направи и да и приушти задоволство.
Откачен
Ако се труди да биде позитивен и да ве насмее во секое време, значи дека генерално се труди околу вас.
Вашето добро расположение му е многу важно, а тоа ќе се примени и во сексот, па нема да се откаже додека не ви удовои и вам целосно!
© Gentlemanmagazine Фото: Unsplash.com
Можеби ќе ве интересира: