Дали џентлмен се раѓа или џентлмен се станува?

Влијание на средината и наследството!

Вечна дилема. Дали џентлменството е вроден збир од карактеристики или стекнати особини од средината?

Староста на дилемата, доволно ни говори дека одговор на оваа прашање не е лесно да се даде.

Сепак, дилемата е оптимално решена со тоа што, може да се каже дека и стекнатите и вродените карактеристики имаат влијание.

Вродени карактеристики

Вродените карактеристики имаат врска со начинот на кој работи нашиот централен нервен систем.

Тоа го одредува нашиот темперамент односно реакциите кои ги имаме кон одредени ситуации.

Вистинскиот џентлмен секогаш има смирени реакции и разумни, врз што има влијание неговиот темперамент, а темпераментот е наследен.

Стекнати карактеристики

Да се биде џентлмен е прашање и на образование. Вистинските џентлмени поминуваат многу време во самоспознавање.

Освен што учат како да ги контролираат и насочуваат своите реакции, тие учат и еден куп работи како „Бонтон“, читаат психолошка литература и сл.

Џентлменството се стекнува и преку воспитување во примарната средина на социјализација, односно семејството.

Децата го имитираат однесувањето на своите родители, па така ако таткото е џентлмен, детето го прифаќа тој образец.

© Фото: Unsplash.com

Можеби ќе ве интересира:

Leave a Reply

Your email address will not be published.